Како да добијам резултати на Македонски јазик?
За да добиете резултати на Македонски јазик потребно е на вашиот компјутер да имате инсталирано кирилична Unicode подршка. За да ја инсталирате македонската подршка за тастатурата треба да ја следите оваа процедура:
1. Влезете во Control Panel преку Start\Control Panel
2. Од понудените опции изберете Regional and Language Options
3. Од ново отворениот прозорец изберете Languages, што се наоѓа на горниот дел на самиот прозор.
4. На ново отовореното мени одберете Details, а потоа Add.
5. Од паѓачкото мени Input Language одберете FYRO Macedonian и кликнете ОК.
6. За да ја завршите процедурата кликнете ОК на сите преостанати прозори
Откако успешно ќе ја завршите оваа процедура во долниот десен агол на вашиот екран ке се појави наставка EN. За да го промените јазикот на пишување погледнете ја следната илустрација.
Откако ќе ја направите промената на јазикот на тастатурата можете да го пребарате сајтот на Алка и да добиете Македонски резултати













