Нови програми
Програма “ Форуми во заедницата”
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
За период од 18 месеци, започнувајќи од Септември 2008
Врз основа на своето досегашно искуство во спроведување на развојни програми со примена на партиципативен пристап, ЗОРС “Алка” е селектирана како имплементирачка организација која ќе учествува во спроведување на вториот дел од Програмата “Форуми во заедницата”, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Целта на програмата “Форуми во заедницата” е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Применувајќи го форумскиот пристап оваа програма претставува платформа за развој што овозможува (1) граѓаните да си го подобрат животот со свои сопствени идеи и учество и (2) администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.
Со имплементација на програмските активности се очекува да се започне во Септември кога ќе бидат селектирани општините кои ќе бидат вклучени во програмата.
Покрај ЗОРС “Алка” програмата ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Центарот за институционален развој (ЦИРА), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), со координација од страна на Единицата за координација на форумите/Консалтинг за стратешки развој.
Буџетот е 33.000ЕУР
Финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
Период на имплементација, Септември 2008 до Март 2010
Дополнителни активности на програмата
„Интегриран Развој на Рурални Заедници”
Финансирана од Сида
Период, Јуни 2008 – Март 2009
Во рамките на тековната Програма „Интергриран развој на рурални заедници”, ЗОРС „Алка” предложи дополнителни активности со дополнителен буџет, кои што се прифатени од Сида.
Целта на овие дополнителни активности е да се пружи континуирана поддршка на руралните заедници во Македонија. Алка се фокусира на сите 26 општини каде што има работено во периодот 2004 – 2008. Овие активности ја користат веќе воспоставената методологија и алатки на Алка, за постигнување на максимално одржливо влијание.
Со активностите ќе се решат дванаесет (12) рурални приоритетни проблеми. Во исто време проектните резултати ќе ги зголемат капацитетите на општините за проектно раководење и спроведување; ќе го зголемат знаењето на локалната популација и ќе ги подобрат условите за живот во руралните области. Следствено, значајното искуство и капацитетите на Алка во користење на потврдениот пристап на партиципација ќе допринесе за понатамошно продуцирање на позитивни резултати во процесот на децентрализација, ќе ги подобри потенцијалите за економски раст и ќе го стимулира одржливиот развој на руралните заедници во регионот.
Буџетот е 489.980 ЕУР
Финансирана од Шведска меѓународна агенција за развојна соработка – Сида
Период на имплементација, Јуни 2008 до Март 2009













