• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Дефинирање на проблемите - втора сесија во Долнени

Програмата “Форуми во заедницата“ продолжува да се реализира во општина Долнени, со втората сесија што се одржа на 21 јануари, во просториите на ресторанот „М„ во село Лажани, а во присуство на 43 граѓани.

definiranje na problemi dolneni 1Присутните, во рамки на осумте “работни маси“, преку дискусии дефинираа и групираа неколку проблеми според кои се формираа поттеми за утврдената тема од првата форумска сесија, “Заштита на животната средина“.

“Добро е што овде одлучуваат граѓаните“, изјави еден од присутните на Форумот Рамадан Реџепоски, од село Дебреште.

Проблемите на кои жителите им дадоа приоритет се групираа во четири групи: непостоење на канализации, недоволно третирање на отпад-појава на диви депонии, недостаток на здрава вода за пиење и недоволно зелени површини.

Согласно овие проблеми, присутните граѓани формираа работни групи кои за овие групи на проблеми ќе направат истражување на терен за да утврдат каква е моменталната состојба во општината.

definiranje na problemi dolneni 2Според градоначалникот на Долнени Изудин Каришиќ, пак, треба да се зголеми учеството на форумските сесии и повика на помасовно учество.

Буџетот за програмата “Форуми во заедницата“ во општина Долнени изнесува шест милиони денари, од кои 1,5 милиони денари се учество на општината, а 4,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Програмата, во оваа фаза, се спроведува во уште седум општини – Берово, Битола, Свети Николе, Ново Село, Ресен, Долнени, Сарај и Кочани.

Спроведувач на Програмата во оваа општина е Здружението за одржлив развој и соработка “Алка”.

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.