• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Презентација на предлог-проектите во Долнени

Вкупно пет предлог-проекти беа презентирани на петтата форумска сесија во општина Долнени, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 22 април, во ресторанот “М“ во село Лажани во присуство на 72 жители.

Peta sesija Dolneni“Задоволен сум од квалитетот на презентација на проектите, а поголем приоритет би му дал на регулацијата на речното корито“, изјави Абдула Цанески, жител на селото Дебреште, кој присуствуваше на Форумот.

Презентацијата на предлог-проектот за управување на цврстиот отпад и едукација на населението за јакнење на нивната јавна свест, го претстави проблемот на отсуство на контејнери во населените места, како и непостоење на организирано собирање на отпадот.

Работната група изработи нацрт-буџет од 5.722.000 денари, колку што би чинело реализацијата на овој предлог-проект.

Решавање на проблемот со водоснабдување е вториот предлог-проект, за чија реализација според оценката на работната група, се потребни 3.981.043 денари.

Овој проект би решил дел од проблемите со вода за пиење во село Житоште и околните села, бидејќи моментно, резервоарот е приклучен на регионалниот водовод и е стар над 30 години.

Peta sesija dolneniРегулацијата на речно корито во Црнилиште би чинела 4.120.000 денари, согласно нацрт-буџетот што го изработи работната група за овој проект.

Презентацијата го опфати прашањето на влевање истечни атмосферски води во реката во населеното место, каде поради поројни дождови се создаваат наноси кои оневозможуваат непречено сливање на истечените води.

Резимето за предлог-проектот за подобрување на условите за спорт го посочи проблемот со недостиг на спортски игралишта, со кој се соочуваат и учениците и членовите на двата фудбалски клуба.

Последниот, петти предлог-проект за справување со пожари во општина Долнени, беше проследен од презентација на претставник од општината, според кого, општината особено во летниот период, се соочува со големи пожари и неефикасно се справува со нив.

Општината не располага со противпожарна служба и не поседува опрема за гаснење на пожарите, а досега помошта пристигнувала од противпожарната служба во Прилеп.
Вкупниот предлог-буџет за реализација на овој проект изнесува 6.600.000 денари.

“Задоволен сум од сите презентации, но сепак, поголем приоритет би му дал на предлог-проектот за цврст отпад“, вели жителот на Новоселани, Васко Илиоски.

Жителите на општина Долнени, преку програмата “Форуми во заедницата“, решаваат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.