• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Минати

PCDP Програми

Слика 1Програма:
“Промоција на децентрализационите процеси блиски на граѓаните преку аплицирање на најдобрите британски практики”

Финансирана од:
Британска Амбасада, Скопје
Период:
Септември 2006 - Март 2008

Здружението за одржлив развој и соработка – ЗОРС “Алка” од 15 Септември 2007 до крајот на Април 2007 година, го спроведе проектот “Промоција на децентрализационите процеси блиски на граѓаните преку аплицирање на најдобрите британски практики” – проект поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Проектот произлезе како резултат на долгогодишниот ангажман на ЗОРС “Алка” при реализација на проектот ИРДУ и преку остварувањето на соработката со руралните општини во Република Македонија. Идејата имаше за цел да допре до граѓанинот како субјект кој е во центарот на децентрализационите процеси и двигател (движечка сила) за подобрување на состојбите во општините.

За таа цел беше формиран експертски тим од пет члена во состав Душица Перишиќ, Горан Ангелов, Тања Алтанџиева, Сотир Костов и Ели Чакар. Тимот подготви прирачник со лесно разбирлива и прифатлива содржина, близок до граѓаните, преку кој тие ќе можат да ги користат механизмите за подобрување на состојбите во своите општини.

Проектот опфати теренско испитување во 16 општини (рурални – со седиште на општината во село и урбани – со седиште на општината во град) и благодарејќи на добрата соработка со градоначалниците, испитувањето покажа една разноликост на децентрализационите состојби во Република Македонија. Методологијата која што се користеше опфати испитување на фокусни групи и граѓани по случаен избор.

По извршеното испитување во таргет општините резултатите беа сумирани и анализирани. Во исто време експертскиот тим работеше на текстот на прирачникот кој всушност претставува пресликување на сите закони кои се однесуваат на правата  и должностите на граѓаните и општината. Сето ова заедно со најдобрите практики од Велика Британија доведе до создавање на прирачникот “Јас и мојата општина”. Предлог верзијата беше доставена до општините во кои се спроведе испитувањето по што голем дел од нив со пофалби се изјаснија за сето она што е опфатено со прирачникот.

Проектот резултира со активно и добро информирано граѓанство подготвено и волно да учествува во процесот на донесување на одлуки во нивните општини. Како и подигање на свеста на локалните власти за заедничките проблеми со кои граѓаните се среќаваат кога соработуваат со локалните власти.

Веруваме дека прирачникот ќе успее да им ја приближи децентрализацијата на граѓаните бидејќи локалната демократија е нова локална димензија клучна во ЕУ и НАТО интеграцијата.

ПДФПромоција на проектот на децентрализација PDF-верзија(127KB)

ПДФЈас и мојата општина - Прирачник за децентрализација 1.15 Mb

 

[назад]

 

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.