• Новости
  • Организација
  • Програми
  • Документи
  • Консултантство
  • Буџет и Ревизија
  • Донатори
  • Галерија
  • Контакт
За Нас Визија и Мисија Капацитети и вештини Организациска структура Статут
Тековни Минати
Обрасци Брошури и Публикации Фотогалерија

Site menu:

Како да добијам резултати на Македонски јазик?

Портфолио

Портфолио


Донатори

СИДА Лого

SDC Logo


Партнери

ZELS Vardarski planski region Vardarski planski regionIstocen Region Skopski planski regionCentar za razvoj na Pelagoniskiot region

Билтени

Билтен

Bilten Albanski

Нова програма за интегриран рурален развој

Програма за Интегриран Рурален Развој - финансирана од Сида
период, јануари 2008 - март 2009 година

Здружението за Одржлив Развој и Соработка “ Алка”  започна со спроведување на Програма за  Интегриран Рурален Развој.  Програмата претставува продолжување на активностите на здружението насочени кон промоција и поддршка на процесот на децентрализација и поддршка на одржливиот развој на руралните заедници во Македонија.

Со програмските активности ќе бидат опфатени девет општини со различна регионална поставеност. Во овие рамки планирано е да се реализираат 18 локални проекти во руралните заедници со кои ќе се решаваат  приоритети од областа на заштита на животната средина.

Буџетот на програмата изнесува 300 000 Евра.
Донатор на средствата е Шведската  агенција за меѓународен развој и соработка - Сида.
Периодот на спроведување е од јануари 2008  до март 2009 година.

Генерални цели на програмата за Интегриран Рурален Развој се поттикнување на одржлив развој на руралните заедници, промоција и поддршка на процесот на децентрализација  на локално ниво.

Цели на програмата се:

  • Јакнење на капацитетите на заедниците во насока на решавање на нивните приоритетни проблеми

  • Подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу општините и заедниците

  • Промовирање на придобивките и предностите кои произлегуваат од законска регистрација како индивидуални земјоделци и фармери

  • Имплементација на 18 мали инфраструктурни проекти во заедниците од областа на заштитата на животната средина

Целни групи:

  • Рурални заедници со постојан број на жители од 150 до 1100

  • Организирани групи во заедниците (Месна Заедница, Иницијативен Одбор, здруженија на граѓани...)

  • Земјоделци, фармери и нивни здруженија

  • Администрацијата во 9 Единици на локалната самоуправа во Македонија

Фокус општини: Крушево, Пласница, Брвеница, Гази Баба,  Зрновци, Виница, Карбинци, Могила, Новаци.

Очекувани резултати:

  • Подобрена комуникација и соработка меѓу руралните заедници и локалната власт

  • Подобрен капацитет на руралните заедници за приоретизирање, поттикнување и спроведување на развојни иницијативи

  • Зголемена кохезија во заедниците и подобрена транспарентност во работењето

  • Зголемено разбирање и информираност за ЕУ ИПА фондовите наменети за рурален развој

  • Зголемен број на регистрирани индивидуални фармери и земјоделци во 9 фокус општини

  • Зајакнат капацитет на заедниците за економски напредок

  • Спроведени 18 мали проекти од областа на заштита на животната средина

  • Зајакната јавна свест за заштита на животната средина

  • Зголемено разбирање на улогата, правата и одговорностите на  засегнатите  страни во процесот на децентрализација

За реализирање на целите на програмата и постигнување на очекуваните резултати  планирани се активности од различен карактер:

Активности

Транспарентност и Одговорност

  • Презентација на програмата за општините и заедниците                  
    Првата, воведна презентација е наменета за претставниците на општината за поопширно запознавање со целите, целните групи, улогата на сите вклучени страни и останатите компоненти на програмата. На општината и се дава прашалник кој  треба да се пополни и да се  достави до Алка во одреден рок.
    На следната презентација ќе бидат поканети и претставници на заедниците кои ги исполнуваат критериумите за учество во програмата. Во таа пригода поканетите заедници ќе добијат прашалници кои ќе треба да ги пополнат во соработка со општината и да ги вратат до ЗОРС Алка во одреден рок потврдувајќи го на тој начин својот интерес за вклучување во програмските активности.

Градење на капацитети

  • Вештина во структурирање, анализа и приоритизирање на проблеми во заедницата и развивање на одржливи стратегии за решавање на проблеми
    Заедниците кои ги исполнуваат критериумите за понатамошно учество во програмата, ќе бидат поканети да испратат свои претставници на обука за Раководење со проектен циклус (РПЦ). Стекнатите знаења треба да им помогнат во пополнувањето на апликација за проект која во одреден рок се поднесува до ЗОРС Алка. Здобиените вештини заедниците во иднина ќе можат да ги користат при барањето решенија за други приоритетни проблеми.

  •  Изработка на стратегија за одржлив развој  на заедницата
    Со цел да се подготви стратегија за одржлив развој на заедницата, се изработува среднорочен Развоен План на заедницата (РПЗ). Овој документ претставува камен темелник за идниот развој на заедницата. Во подготовката на РПЗ тимот на ЗОРС Алка работи со фокусни групи од заедницата, и секако соработува со претставници на општината. Интегрирањето на РПЗ во идните годишни планови на општината претставува поголема гаранција за негова реализација како основа за одржлив развој на самата заедница.

  • Информирање

  • Промовирање на придобивките и предностите кои произлегуваат од законска регистрација како индивидуални земјоделци и фармери
    Експерти од областа на земјоделието и сточарството, на општинско ниво ќе ги презентираат придобивките и предностите од регистрацијата на индивидуални земјоделци и фармери согласно законските одредби. Оваа презентација ќе биде јавна за сите заинтересирани земјоделци и сточари од општината. На ниво на заедниците во кои ЗОРС Алка ќе спроведува проект ќе бидат дистрибуирани информативни материјали на оваа тема.

  • Промовирање на можностите за развој кои произлегуваат од петата компонента на ЕУ ИПА фондовите за рурален развој   
    Оваа активност ќе биде во склоп на претходно опишаната презентација     на општинско ниво И ќе биде реализирана од експерти од соодветната област.

  • Зголемено разбирање на улогите и одговорностите на општината и нејзините органи и правата и одговорностите на граѓаните во процесот на децентрализација
    За оваа цел тимот на ЗОРС Алка во заедниците каде што ќе се спроведуваат проектите ќе организира презентации за правата и одговорностите на засегнатите страни во процесот на децентрализација. Презентациите се интерактивни и на истите потребно е да присуствуваат претставници на општините. Во рамките на овие презентации, граѓаните ќе бидат запознаени со процедурите за “Проценка на влијанието на проектите врз животната средина”, и одржувливос на проектните активности.

  • Партиципација/кофинансирање

  • Финансиска поддршка од Сида- ЗОРС Алка
    Во избраните заедници (2 во секоја од 9те општини) ќе биде реализиран по еден проект од областа на заштита на животната средина. Во неговата реализација ќе биде потребно активно учество на сите жители.
    Максималната финансиска поддршка за решавање  на приоритетот   која ја обезбедува Алка изнесува 4000 Евра за 1 проект. Еден од условите за одобрување на проектот е финансиско учество на општината и заедницата во висина од минимум 20% од средствата кои се бараат од ЗОРС Алка.   Воспоставување на структури
    Подобрување на внатрешната кохезија, вклучување на маргинализирани групи од заедницата, зајакнување на чувството на припадност и сопственост Во избраните заедници ќе биде формиран Иницијативен Одбор (ИО) како координативно тело за поефикасно спроведување на проектните активности во заедницата. Формирањето на ИО не ја заменува или минимизира улогата на МЗ доколку истата постои и е активна. Напротив, истиот може да биде дополнение на составот на МЗ, нејзина помош или поддршка. ИО мора да биде одраз на структурата на населението, и да вклучува претставници на маргинализирани групи и претставници на женската популација.

Партнери на ЗОРС Алка во спроведување на програмата за Интегриран Рурален Развој се:

  • Локалната власт (девет Единици на локална самоуправа)

  • Рурални заедници

  • Националната власт (Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање)

  • Граѓански здруженија и асоцијации

IRR

[назад]

English
Публикации Декларација Декларација Јас и мојата општина Јас и Мојата ОпштинаПрирачник Прирачник Брошура Брошура

Copyright © 2009 Alka. Design by Dejan Gorgievski.